ВМРО-ДПМНЕ: Царовска да си замине од ресорот

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска да си замине од ресорот

Скопје, 26 август 2018 

Почитувани,

Мила Царовска мора да си замине од ресорот кој го претвори во министерство за негрижа и за партиски вработувања.

Во ек на огромни скандали поврзани со целосен колапс на системот на заштита на децата, со актуелен случај на силувана штитеничка на установа, како продолжение на хоророт кој што секојдневно го доживуваат децата во институциите водени од Царовска, таа се фали со партиски вработувања.

Царовска е најнеспособниот министер во оваа влада, а денешниот јавен настап го докажува тоа. Без трошка емоции за случај за напаствувано девојче таа се држи до правната терминологија и бега од одговорност.

Царовска веројатно и не се чувствува одговорна за случаите на обљуба на малолетници што е тешко кривично дело со казна затвор над 10 години кое по кој знае кој пат се случува пред очите на вработените! Царовска не разбира на колку одговорно место седи додека малолетнички се сексуално злоставувани, абортираат, се присилувани на секакви изживувања и хорори. Деца бегаат од установите и ги снемува во непознат правец, а таа вели „бегството на деца од домовите е вообичаена пракса“.

Царовска денеска во ек на скандали се фали со партиски вработувања и најава за нова партизација. Ако сака да зборува за градинките, Царовска нека одговори зошто беа истерани, или правно не им беа продолжени договорите на бројни воспитувачки и негувателки од градинките? За сега партиски да вработува? Ги остави децата без соодветна заштита, иако имаше полна уста зборови за групи во градинките кои нема да бидат поголеми од 20тина деца. Па Царовска колкави се групите денес? До каде е популистичкиот проект кој што го отпочна во септември лани за двосменско работење на градинките? Дали тој се одвива насекаде? До каде е достоинствената плата од 500 евра, меѓу другите и за негувателките која ја ветуваше заедно со Заев? Се сеќава ли Царовска дека прва работа што направи нејзината влада беше кратење на парите за изградба на градинки, и со тоа ја стопираше градинката во Кавадарци? Царовска, престани да бегаш од проблемите и да ја манипулираш јавноста додека родителите бараат видео камери во градинките заради хорор условите во кои што ги остават нивните деца. Партиските вработувања не ги подобруваат овие условите.

Ако навистина сметаш дека системот мора да покаже одговорност, почни од себе, ти си најголемиот репрезент на овој неодговорен систем, покажи ја личната одговорност и замини си од министерската фотеља.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...