• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

СДСМ: Одлевањето на пари од буџетот со напумпани цени и преку нетранспарентни постапки беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Одлевањето на пари од буџетот со напумпани цени и преку нетранспарентни постапки беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 27 август 2018

Одлевање пари преку нетранспарентни постапки беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ, сега ЈСП работи законски

ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со ширење на лажни вести преку кои секојдневно се обидува да ја манипулира јавноста, додека по секоја цена одбива да го соопшти ставот за реферемдумот.

Одлевањето на пари од буџетот со напумпани цени и преку нетранспарентни постапки беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши со нивното заминување во опозиција.

Како што јавно објавени Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, постапката за набавка на електронски картички и изборот на консултант за ревизија на електронскиот систем за наплата се во согласност со Законот за јавни набавки и се реализирани поради оправдана итност. 

ВМРО-ДПМНЕ залудно измислува случаи онаму кадешто ги нема. 

Градската администрација и јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје, одговорно, домаќински и транспарентно управуваат со финансиите на граѓаните и работат во градење на современ ефикасен јавен превоз и создавање на функционален, достапен и отворен град којшто работи исклучиво за потребите на граѓаните.

Зголемувањето на продажбата за 20.000 картички во споредба со минатата година е само еден параметар кој го потврдува тоа.

Очигледно е дека одговорното, чесно и домаќинско работење е непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ и затоа опозициската партија останува заглавена во матрицата на измислици и лажни вести.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ