• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Честитка од Мицковски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Честитка од Мицковски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Скопје, 28 август 2018 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до православните верници по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Во честитката тој ја израза својата желба за многу среќа, радост и мир во душите на сите христијански верници.

- Денешниот празник е сведоштво за мајчинската љубов, верата во Христа, и пожртвуваноста која е исполнета со добри дела и хуманост кон човештвото. Правејќи добри дела, создаваме и оставаме зад себе трајни вредности и секој еден на тој начин придонесува со свој личен пример за развојот на нашата земја и создавање на подобра иднина. Верувањето во Христа, пожртвуваноста на мајката Богородица не учи дека добрите дела кон ближните, кон знајните и незнајните нема да останат незабележани, и тие се траен влог во изградбата на една личност, се вели во честитката

Нашиот народ децении и векови наназад, се посочува во честитката, покажал искрена верба во Христа, споделување на заедничките христијански вредности, кои се општи, универзални и човечки.

- Нека денешниот ден биде сведок и пример дека со искрена волја, чисто срце и верба можни се големи работи. Нам ни треба земја каде напредокот и среќата на нејзините граѓани ќе бидат во самите приоритети, земја каде ќе се работи на намалување на растечката сиромаштија, ќе се помага на гладните, а болните ќе ја добијат од системот на државата потребната грижа и услуга. Денес нашата држава се соочува со бројни предизвици, а иселувањето на младите е еден од нив. Нивното раселување значи изгубена и уништена иднина, затворени куќи, напуштени родни огништа, се вели во честитката.

Мицковски наведува дека треба сите заедно да придонесеме да создадеме подобра иднина, подобри услови за живот и само така ќе бидеме од полза на нашата земја и општество.

- На нашата земја и е потребна и сплотеност и обединетост, за да се постигне ова, треба да се стави крај на политичката одмазда и политички прогонуваните случаи. Македонија мора да започне да оди напред и да ги користи сите свои потенцијали, затоа што само така Македонија ќе победи! Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица!, стои во честитката. рп/сд/10:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...