• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Мицкоски: Подготвуваме програма за решавање на реалните проблеми на граѓаните

Мицкоски: Подготвуваме програма за решавање на реалните проблеми на граѓаните

Скопје, 28 август 2018 

Денес се наоѓаме во Берово, помеѓу граѓаните во Берово и Беровската општина. Ја користам оваа прилика на сите верници од православна вероисповед да им го честитам овој голем христијански празник и да им посакам многу здравје, среќа, успеси на нив и нивните семејства, во период кој што ни доаѓа да се радуваме за успешна, среќна и просперитетна Република Македонија.

За жал од искуствата кои што ги добивам овде од граѓаните црна е сликата која што преовладува во Берово и Беровско. Се сретнавме со реални и сериозни егзистенцијални проблеми. Знаете дека откупот на сливата заврши неславно, 20.000 тони слива остана не откупена, луѓето не можат крај со крај да сврзат, луѓето се наоѓаат во тешка мака, имаат сериозен предизвик како да ја поминат годината до следната реколта.

Истото се случува и со младите од овој крај, масовно го напуштаат овој крај. Луѓето навистина мака мачат како да ја совладаат егзистенцијата односно да ги решат основните егзистенцијални проблеми.

Исто така ја користам оваа прилика да на сите оние рудари во рударко енергетските комбинати Осломеј и Битола да им го честитам денот на рударите, но истовремено и на сите оние рудари кои што се во окната ширум рудниците кои се во Република Македонија, да им го честитам празникот и да им поскам среќа во совладувањето на нивните секојдневни работи обврски.

ВМРО-ДПМНЕ ја подготвува програмата која што ќе биде презентирана пред граѓаните наскоро. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува сериозни решенија на сериозни егзистенцијални и реални проблеми на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ не ја базира програмата на гол наратив на популистички ветувања кои што се ветуваат и даваат пред изборните кампањи а потоа се бега како „ѓавол од темјан“ за нивна реализација, ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што стои на зборот и она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го стави и ќе биде дел од нејзината програма ќе го реализира. Промени се потребни во нашата држава, а Македонија ќе победи!

 

Изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ