• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

ИРИ: СДСМ ја задржа предноста од три отсто пред ВМРО-ДПМНЕ

ИРИ: СДСМ ја задржа предноста од три отсто пред ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 29 август 2018 (МИА) – Доколку денес би се одржале парламентарни избори, за СДСМ би гласале 21 отсто од граѓаните, а за ВМРО-ДПМНЕ 18 проценти, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). 

ДУИ има поддршка од седум проценти од анкетираните, Алијансата на Албанците два, а ДПА и двете крила на Беса по еден отсто.

Деветнаесет проценти не знаат или се уште не решиле за кого би гласале, четири отсто нема да излезат на избори, а 23 проценти одбиле да дадат одговор на анкетата.

Во споредба со последната анкета на ИРИ од август 2017 година, рејтингот на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ е зголемен за еден процент, на ДУИ и на ДПА останал ист, а на Беса и на Алијанцата за Албанците е намален за три проценти.

Анкета личности

Меѓу политичарите во Македонија, според анкетата, најголема поддршка има Зоран Заев со 16 отсто, Никола Груевски го поддржуваат седум отсто, Ахмети пет, Ѓорге Иванов пет, а Христијан Мицкоски и Никола Димитров имаат поддршка од два отсто од анкетираните. Во споредба со претходната анкета од август 2017 рејтингот на Заев е ист, на Груевски е намален за четири проценти, а на Ахмети за еден отсто.

Вкупно 45 отсто од граѓаните опфатени со анкетата одговориле дека не поддржуваат ниту еден политичар, што е зголемување од 14 отсто во споредба со претходното истражување.

Анкета ВМРО

На прашањето, пак, дали ВМРО-ДПМНЕ дејствува како конструктивна опозиција, вкупно 34 проценти одговориле потврдно, а спротивен став имаат 45 отсто.

Анкетата на ИРИ е спроведена за Центарот за анкетни истражувања преку ГфК Скопје. Податоците се собрани преку интервјуа лице в лице од 28 јуни до 15 јули 2018 година од страна на обучени професионалци. Примерокот се состои од 1.100 анкетирани, на возраст над 18 години, а стапката на одговор беше 69 проценти.

Истражување е спроведено со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој.са/сд/13:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ