• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

СДСМ: Македонија се движи во вистинска насока, граѓаните се за членство во ЕУ и НАТО

СДСМ: Македонија се движи во вистинска насока, граѓаните се за членство во ЕУ и НАТО

Скопје, 29 август 2018

Релевантните анкети на јавното мислење, меѓу кои и денеска објавената анкета на ИРИ, потврдуваат дека Македонија се движи во вистинска насока и дека граѓаните се за членство во ЕУ и НАТО.

Граѓаните во Македонија препознаваат дека по демократските промени земјава се движи по вистинскиот пат, дека е постабилна и се развива.

Секако дека има уште многу работа. Постојат предизвици и потребен е засилен ангажман на повеќе полиња, за спроведувањето на реформите, Македонија да биде општество кое функционира по европски правила.

Охрабрува тоа што го потврдуваат анкетите, граѓаните се одлучни за интеграција и полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Високата поддршка од граѓаните за влез во НАТО и ЕУ е уште една потврда дека е препознаена важноста и придобивките од членството, дека граѓаните се определени за интеграција и напредок, наместо изолација и уназадување.

Република Македонија може сите свои стратешки приоритети да ги оствари само со членство во ЕУ и НАТО

Пред нас е клучен, историски момент. На референдумот на 30-ти септември граѓаните ќе ја одредат македонската иднина.

Силната определба на граѓаните за европска Македонија е дополнителен мотив сите политички субјекти да покажат одговорност пред себе и пред граѓаните и да се вклучат во процесот што ја води нашата татковина во ЕУ и НАТО.

Сите политички партии треба да ја искористат оваа историска шанса, јасно и недвосмислено да ги повикаат граѓаните да излезат на референдумот на 30-ти септември, ЗА македонската иднина во ЕУ и НАТО.

Центар за комуникации на СДСМ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ