ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ врши притисок врз административните службеници

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ врши притисок врз административните службеници

Скопје, 29 август 2018

СДСМ врши притисок врз вработените во јавниот сектор. Преместувањата на административни службеници на  работни места надвор од нивното место на живеење стана инструмент за замолчување на партиските неистомисленици, а партиските послушници се унапредуваат надвор  од закон.

Имено, во Република Македонија врз вработените  се вршат секојдневни притисоци и закани, се забранува учество и работа во синдикална организација односно со притисоци и заплашувања се инсистира излегување од синдикат или да се премине во друг синдикат, кој според раководството е подобен и е под контрола на власта.

Во отсуство на надлежни институции кои вршат надзор над примена на Законот за работни односи, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор. Согласно член 10 од Законот за административни службеници, Раководното лице, односно функционерот кој што раководи со институцијата, обезбедува услови за ефикасна примена на законите и прописите кои се однесуваат на работниот однос на административните службеници, донесува акти за внатрешна организација и систематизација на работните места во институцијата и други акти на институцијата кои се однесуваат на работниот однос на административните службеници, донесува годишни планови за вработување на административни службеници, како и решава за правата од работен однос на административните службеници во институцијата согласно со законот со кој е избран или  именуван на функција. 

Спротивно на Законот за работни односи, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, Раководните лица немилосрдно се изживуваат со вработените, изнудуваат барања за уназадување и откажување од раководен службеник, незаконски унапредува и овластува лица со јавни овластувања доколку се политички подобни или блиски со функционерот, за редовни работни задачи се информираат и се задолжуваат само подобните односно се врши дискриминација.

Основано и легитимно ги прашуваме надлежните министри со афрички менталитет :

1. Колку лица во институциите се унапредени со овластување од  Министер или Директор и врз основа на кој закон овие функционери го црпат правото да унапредуваат со овластување, спротивно на Законот за административни службеници?

2. Колку административни службеници побарале самите да се деградираат неколку места подолу и врз основа на кој закон ја оправдувате оваа изнуда?

3. Колку дисциплински постапки се спроведени и потврдени од Агенција за администрација, без притоа да се запазат основните елементи за поведување на дисциплинска постапка согласно закон?

4.Колку распоредувања на административни службеници имаат спроведено институциите по хоризонтална и вертикална линија, за време на избори и спротивно на годишните планови за вработување?

5. Кога планирате да запрете со заканите и уцените кон синдикалните здруженија и членовите на синдикат?

Граѓаните и даночните обврзници очекуваат од институциите конкретни одговори а вие имате обврска да дадете отчет и воедно да создадете услови за пристојна работа, без закани и уцени, без дискриминација, во целост почитување на правата на работен однос без кои не е возможно да се интегрираме и напредуваме како општество и како држава.  

Никола Мицевски, Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

                                                                

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...