СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи референдумот наместо да шири лажни

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи референдумот наместо да шири лажни

29 август 2018

ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи референдумот наместо да шири лажни обвинувања со кои го опишува нејзиниот однос кон администрацијата

Со денешните измислици и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ всушност го опиша нејзиниот однос кон државна админстрација и злоупотребата на институциите за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење.

Тоа време кога партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ не одеа на работа а добиваа плата и кога Македонија беше најкритикувана во однос на притисоци врз администрацијата е завршено.

Со процесот на професионализација на администрацијата, инстиутуциите работат одговорно, отчетно и во интерес на граѓаните. Не треба и не смеат да се толерираат оние кои не ги извршуваат задачите, а секој кој не ги почитува законите треба да биде соодветно санкциониран.

ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со неоснованите обвинувања и ширењето лажни вести во надеж дека ќе успее да собере ситни политички поени,  да се фокусира на клучната одлука пред којашто е исправена Македонија и да даде поддршка на влезот во ЕУ и НАТО, цели за кои ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се нивен врвен интерес.

Центар за комуникации на СДСМ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...