• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги донираме средствата кои ни следуваат за кампања за референдумот

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги донираме средствата кои ни следуваат за кампања за референдумот

Скопје, 29 август 2018

Договорот за промена на името за кој Заев фрла милиони евра за промоција е капитулантски и во целост на штета на Република Македонија.

Според капитулантскиот договор Република Македонија го менува името, јазикот, идентитетот, културата, историјата и традицијата. Тоа е најнегативниот договор за македонскиот народ и држава некогаш потпишан од Македонци.

Зоран Заев и владата наместо да фрлаат милион за промоција на овој капитулантски договор, парите да ги пренаменат за изградба на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

ВМРО-ДПМНЕ средствата за кампања кои не следуваат ќе ги донира, очекуваме тоа да го направат сите политички субјекти. Наместо промоција на штетни договори кои и носат само штета на државата, да направиме нешто полезно за општеството и граѓаните.

Република Македонија во 21 век има потреба од инвестиции, силна економија, технолошки развој и услови за развој како во западните држави, тоа треба да биде целта кон која ќе се стремиме. Овој капитулантски договор не ни гарантира ништо од тоа. Со овој капитулантски договор Република Македонија само тоне.

Заев и СДСМ мора да си заминат. Република Македонија заслужува подобро.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...