Средба на лидерите на политичките партии кои го поддржуваат референдумот

Средба на лидерите на политичките партии кои го поддржуваат референдумот

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - На иницијатива на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, вечерва ќе се одржи средба на лидерите на политичките партии кои даваат поддршка на референдумот на 30-ти септември и процесите коишто се во насока на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Тема на вечерашната средба, како што информираат од СДСМ, е референдумот и најважната државно-политичка цел: евроатланскиот пат на Република Македонија, приоритети од кои зависи иднината на државата и сите наши граѓани.

Средбата ќе се одржи во х. „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 20 часот. дма/17:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ