• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Заврши лидерската средба на про-европските и про-НАТО партиите, поддржувачи на референдумот

Заврши лидерската средба на про-европските и про-НАТО партиите, поддржувачи на референдумот

Скопје, 29 август 2018 (МИА) -Пред малку заврши средбата на лидерите на политичките партии кои даваат поддршка на референдумот на 30-ти септември и процесите кои се во насока на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

По средбата немаше официјални изјави, а најавено е соопштение за јавноста.

На средбата која се одржа на иницијатива на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, присуствуваа лидерите на ДУИ, НСДП, ДПА, ДОМ, Демократски сојуз, Обединети за Македонија, ПЕИ, Достоинство, Али Ахмети, Тито Петковски, Мендух Тачи, Лилјана Поповска, Павле Трајанов, Љубе Бошковски, Фијат Цановски, Стојанче Ангелов и други.

Тема на средбата, како што претходно информираа од СДСМ, е референдумот и најважната државно-политичка цел: евроатланскиот пат на Република Македонија, приоритети од кои зависи иднината на државата и сите наши граѓани. 

Пред почетокот на средбата, што се одржа во хотелот „Холидеј Ин“, Заев изјави дека се поканети лидери на партии кои имаат про-европски и про - НАТО ставови и го поддржуваат референдумот. Тој истакна дека на Македонија и е потребна национална коалиција во врска со вакви важни прашања.

Крилото на БЕСА на Билал Касами нема да се приклучи кон заедничката кампања со парламентарните групи кои го поддржуваат референдумот. Тој по завршувањето на средбата рече дека ќе водат посебна кампања со која ќе ги мотивираат гласачите за поддршка на референдумот. дма/рп/22:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ