Арсовски: СДСМ во вторник ќе се задолжи за нови 12,7 милиони евра

Арсовски:  СДСМ во вторник ќе се задолжи за нови 12,7 милиони евра

 Скопје, 30 август 2018 

         

Почитувани,

СДСМ и неспособната влада на СДСМ во вторник ќе ги задолжи граѓаните за нови 12,7 милиони евра.

Замислете само во месец август неспособната Влада на СДСМ ги задолжи граѓаните и Република Македонија за над 43 милиони евра, а веќе за почетокот на септември успева да ги задолжи за нови 12.7 милиони евра.

За само 30тина дена СДСМ ја задолжи Република Македонија за над 56 милиони евра или во просек секој ден по 2 милиони евра.

Ова е застрашувачки, ова е премногу и ова ја води Република Македонија кон пропаст и банкрот.

СДСМ се на власт 14 месеци, а за тие 14 месеци а ја задолжија Република Македонија во бруто износ над 1.5 милијарди евра. Тоа во просек е до 100тина милиони евра задолжување месечно.

Само на почетокот на 2018 година издадоа еврообврзница преку која се задолжија половина милијарда евра за која по основ на камати само треба да платат околу 96 милиони евра.

СДСМ за само половина година ја проби психолошката граница на презадолженост.

Реализацијата на капиталните расходи е катастрофална и во првите 7 месеци изнесува само 21%. Ова е историски најлош резултат на една Влада и едно министерство за финансии. Ова само уште еднаш докажува дека СДСМ не се способни да ја водат Република Македонија. Во првиот квартал БДП беше 0.1%. Уште еден катастрофален резултат.

СДСМ и Зоран Заев не реализираа ниту едно единствено ветување од предизборието во однос на капиталните проекти кој што ги ветуваа во нивната таканаречена програма.

Единствено што реализираа е скандали и афери преку кои ги испумпуваат парите на граѓаните во своите џебови и во џебовите на нивните блиски.

Да го поставеа до сега бројчаникот на триумфалната капија, најверојатно или ќе прегореше или ќе требаше да додадат уште 3 или 4 нули на крајот за да можат да ја соберат целата сума со која ја задолжија Република Македонија.  

СДСМ е катастрофа која што метастазира на сите нивоа низнашата држава и која што мора да се спречи веднаш.

Што побрзо си заминат, толку подобро за граѓаните и Република Македонија.

На крајот граѓаните и Република Македонија ќе победат!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ