Партијата на пензионери ги повикува членството и граѓаните на масовно учество на референдумот

Партијата на пензионери ги повикува членството и граѓаните на масовно учество на референдумот

Скопје, 31 август 2018 

Партијата на пензионери (ПП), на седницата на ГО уште еднаш недвосмислено и безрезервно го потврди својот став за неопходност од референдумско изјаснување на граѓаните на Република Македонија за Спогодбата „за решавање на спорот“ со Грција и ги повикува своите членови и сите граѓани со масовно учество на Референдумот на 30 Септември 2018 година да придонесат во реализирање на стратешката определба на земјата за зачленување во НАТО и ЕУ, бидејќи за

Партијата на пензионери не постои „поважен и попатриотски“ чин од обезбедување на стабилност на земјата и долгорочна демократска перспектива, просперитет и иднина на генерациите кои доаѓаат.
Партијата на пензионери (ПП) информира дека, како членка на Коалицијата „Излези ЗА Европска Македонија“, активно ќе учествува во пропагандата за Референдумот прифаќајќи го како најдемократската форма на одлучување на граѓаните.

Афирмирајќи го својот став ЗА, ПП најостро се противи на сите облици на повикување и организирање на бојкот на Референдумот, оценувајќи ги како намера и обид за гушење на народната воља поради неспремност на носителите на ваквите иницијативи за „соочување со народот“.

Од тие причини ги повикуваме органите на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија јавно да се огласат и по примерот на Сојузот на борците на Македонија и други бројни невладини организации да го повикаат своето членство масовно да излезе на Референдумот, а секој пензионер, откако целосно ќе се информира, со дадениот глас да придонесе во одлучувањето за иднината на своите деца и внуци.

Сектор за информирање на Партијата на пензионери

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...