• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да ни се придружат на протестниот марш в недела во Кичево

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да ни се придружат на протестниот марш в недела во Кичево

Скопје, 31 август 2018 

СДСМ ги потценува граѓаните на Република Македонија, мислејќи дека криминалот ќе може да го прикријат со измислена поделба на народот, дека некој е за, а некој против НАТО или ЕУ во зависност од тоа дали го поддржува или не штетниот и капитулантски договор на Зоран Заев со јужниот сосед.

Картелот предвоен од Зоран Заев се лаже кога мисли дека може да убеди некого дека нивното криминално и расипничко работење е по европски стандарди.

СДСМ не може никого да изманипулира дека европска вредност е делење на милионски крвави тендери во Министерство за здравство и тендери на фирми без никакво искуство кои постојат помалку од еден месец.

Само за СДСМ и аболицираниот Зоран Заев европска вредност е ангажирање на камиони на Вице, во нетранспаретна постапка во четири очи.

Само за СДСМ и Зоран Заев европска вредност е доделување лиценци за бизниси со марихуана или градежно земјиште сами на себе или на семејството.

Само за СДСМ може да биде европски стандард делење на средства од Фондот за иновации на роднини на функционери во Владата и врхушката на партијата.

Само СДСМ може да смета дека европска вредност е државата да ја води лице кое е два пати аболицирано за криминал, кого целата македонска јавност го виде како бара мито од „едно евро за црквата и едно евро за Вице“.

СДСМ и Заев за да го прикријат грабежот кој и го прават на Република Македонија се обидуваат да го поделат народот на проевропски и антиевропски. Сите оние кои што се противат на Договорот со Грција и распродавањето на државните и националните интереси СДСМ и Заев ги етикетираат како антиевропски граѓани.

Капитулантскиот договор кој СДСМ го потпиша со Грција и истиот се обидува да го протне зад маската со евроинтеграциите значи бришење на македонскиот идентитет, менување на Уставот, нацијата, македонската култура, историја и традиција.

Откажувањето од се што е македонско и од македонското малцинство во соседството не е проевропски чин. Противењето на овој договор Заев и СДСМ го изедначуваат со противење на европските вредности и влезот во ЕУ и НАТО, а тоа е невидено потценување на македонскиот народ. Македонскиот народ е определен за ЕУ и НАТО, но нема да го поддржи Заев во намерата криминалите да си ги покрие со капитулантскиот договор и распродажба на националните интереси.

Република Македонија ќе ги достигне европските вредности кога нема да биде водена од премиер кој е два пати аболициран и кого граѓаните го видоа како бара мито, кога нема да се доделуваат тендери на роднини на државните функционери и кога камионите на братот на премиерот нема да добиваат државен ангажман во нетранспарентна постапка во четири очи.

За да ги достигне европските вредности Република Македонија, потребно е СДСМ и Зоран Заев да си заминат од власт, затоа што само така државата и граѓаните ќе одат напред.

Затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на протестниот марш кој што го организираме во Кичево во недела со почеток од 13 часот кај кружниот тек кај автобуската станица.

Обединети, заеднички и сложно да и кажеме доста е на оваа ненародна власт, доста е со криминалите и доста е со распродавањето на државните и националните интереси. Граѓаните и Република Македонија ќе победат!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ