• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Стоилковски: Владата троши народни пари за приватни журки!

Стоилковски: Владата троши народни пари за приватни журки!

Скопје, 31 август 2018 

Уште парите не се распределени за да може да започне кампањата, оние средства која власта си ги распредели сама на себе, а веќе Владата емитува однапред снимени реклами и спотови! Па господа кога и со кои пари се снимени овие реклами за самопромоција? Ова е уште една „журка“ на власта со пари од буџетот, додека економијата останува закована на дното. Ова подлежи под морално политичка одговорност - парите за ваква намена се уште не се распределени, нема финансиска конструкција, а веќе се потрошени.

Власта ја почна кампањата со која капитулантскиот договор го толкува како европска вредност. Власта пред поделени пари емитува спотови и пушта пропаганден материјал и креира интернет страници. Па, со чии пари и како се финансирани овие активности на власта? Ако се видат спотовите, во нив учествуваат познати актери и се професионално продуцирани, што значи дека се тие се планирани и сработени најмалку неколку недели однапред. Тоа значи дека за нив се трошени пари од буџетот, пари на граѓаните, уште и пред власта официјално да си ги пренамени парите од буџетот за таа намера. Па колку средства надвор од сумата која власта ја кажува јавно ќе бидат потрошени за промоција на капитулантското дело?

Почитувани, власта во оваа прескапа кампања со пари од буџетот ги сокрива вистинските одговори – дека со капитулантскиот договор се прифатени грчките услови спротивни на Уставот, на националните и државни интереси на Република Македонија, дека тоа значи бришење на македонската историја, културна посебност, идентитет, Македонците вон границите на државата.

Почитувани, не е европска вредност кога државата се нагласува како мека за криминал и корупција од сите светски медиуми и тоа сето заради криминалите на оваа власт! Економијата е на дното, земјата стана позната по скандалите со тендерите, а криминалот и корупцијата во оваа кампања не запираат тука. И сето тоа во овој во овој сензитивен момент се прави со единствена цел - купување на гласачкото право на граѓаните.

Почитувани,

Криминалот и корупцијата на власта не може да се сокрие со поделбата на народот на проевропски и антиевропски. Да се поистовети несогласувањето со штетниот и капитулантски договор со неприфаќање на европските вредности е срамно потценување на македонскиот народ. Европските вредности ќе бидат достигнати само кога политичари како кланот на власт ќе излезат надвор од македонската политика.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ