Седница на Централниот одбор на ДОМ

Седница на Централниот одбор на ДОМ

Скопје, 1 септември 2018

ДОМ денеска одржа седница на Централниот одбор на која беше договорено партијата да се вклучи во позитивната кампања на референдумот.

Како што предходно беше соопштено ДОМ ја подржа ратификацијата на договорот со Грција, а крајната одлука останува на граѓаните кои ќе се изјаснат на референдум. Затоа смета дека е важно секој граѓанин да излазе и да гласа, зашто само искажаниот став станува видлив и се брои. Ова го темелиме на убедувањето дека стратешки интерес на Република Македонија е влезот во ЕУ и НАТО, а друга алтернатива во моментов не постои.

На истата седница беше донесена и одлука за одржување на редовниот Четврти конгрес на ДОМ во декември 2018 година. За таа цел преку јавна објава во медиумите ќе бидат повикани членовите на ДОМ да се обратат до општинските организациии во своите места на живеење за да го искажат својот интерес за учество во новите органи и тела на партијата.

 

Сектор за односи со јавноста на ДОМ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ