• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не престанува да ја лаже и манипулира јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не престанува да ја лаже и манипулира јавноста

Скопје, 1 септември 2018

СДСМ не престанува да ја лаже и манипулира јавноста. Тоа денес во има на Зоран Заев го прави и Мухамед Зекири. Колку и да се обидува да прикаже розова слика во државата, тој не може да го покрие фактот дека договорот со соседна Грција е капитулантски и директно задира по идентитетските прашања, а патем ништо не гарантира. Впрочем подобрата економска атмосфера, стандардот на граѓаните и напредокот на државата се гради со напорна работа, а не со штетни договори.

За каква европска иднина говори Зекири кога на власт е криминален картел кој секој ден гледа како да додели сам на себе некој милионски тендер во 4 очи, наместо да ги решава проблемите на граѓаните. Затоа економијата тоне и се се уназадува во државата.

Граѓаните јасно им кажуваат не, а тие упорно лажат. Да имаше странски инвестиции, да имаше напредок, да имаше правилна економска политика немаше државата да ни биде на дното на економски раст на ниво на цела Европа. Зекири може да продолжи да замајува, но многу скоро ќе се соочи со реалноста.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ