• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски пласира селективно бројки во јавноста за да прикаже виртуелна реалност

Скопје, 1 септември 2018

Македонската економија крахира, а СДСМ е заинтересиран само за криминални тендери со кои што ги ограбува парите на граѓаните.

По кој знае кој пат во стилот на неговиот шеф, Тевдовски пласира селективно во јавноста бројки со цел да ни пласира виртуелна реалност за тоа колку успешна економија имаме која се движи со раст некаде помеѓу 0 и 1%. Тевдовски пласира информација за очекуван раст на приходите од данок на добивка,а не кажува дека истата е резултат на странските инвеститори чии договори за државна помош истекоа, а против кој што Тевдовски и неговата партија водеа хајка на оцрнување.

Тие лицемерно денес се радуваат на данокот што овие компании ќе го плаќаат во буџетот. Ако расте данокот на добивка го прашуваме зашто опаѓа наплатата на ДДВ? Втората манипулација е поврзана со т.н. раст на СДИ, кога гледаме дека буквално нема ниту еден капацитет што се гради освен оние што Владата на ВМРО ги донесе или отпочна преговори со истите.

Својата неспособност Тевдовски кој е дел од познато црно економско трио ја затскрива зад порачани интервјуа на државната агенција МИА во типично комунистичко политбировски стил.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ