ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците се соочуваат со проблеми сега

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците се соочуваат со проблеми сега

Скопје, 1 септември 2018

Љупчо Николовски, министерот кој бега од земјоделците и проблемите со кои се соочуваат денес повторно даваше лажни ветувања. Истиот тој министер кој со месеци не почувствува потреба да разговара со земјоделците за огромниот број на проблеми со кои се соочуваат, денес повторно бега од катастрофалните состојби и лаже како ќе било во иднина.

Земјоделците се соочуваат со проблеми сега. На земјоделците им е потребна помош сега а не објаснувања како ќе биде. Во година во која и полјоделците и овоштарите и сточарите и производителите на раноградинарски култури се соочуваат со огромни проблеми Љупчо Николовски не направи ништо за решавање на барем еден проблем. Ги остави земјоделците без откуп и со цени со кои не можат да си ги покријат и основните трошоци. Земјоделците се изморени од празните ветувања на Николовски и СДСМ. Земјоделците се потценети од избегнувањата на Николовски да се сретне и да разговара. Земјоделците знаат дека СДСМ не исполни ниту едно од ветувањата кои им ги даваше пред избори.

Николовски треба да одговори пред земјоделците зошто не го исполни ветувањето за формирање на интервентен фонд во висина од 6 милиони евра, кои ќе се користат кога пазарната цена на земјоделските производи ќе биде пониска од нивната производствена цена. Да одговори каде е зелената нафта за земјоделците, што три години ја ветуваа на земјоделците. Да каже зошто не се договара откупната цена и зошто земјоделците секој ден се соочуваат со проблеми а тој упорно ги игнорира нивните барања.

Се додека Николовски не одговори на овие прашања, се додека избегнува да се сретне со земјоделците и да разговара за реалните проблеми со кои се соочуваат земјоделците, тој само уште еднаш потврдува дека СДСМ и тој имаат потценувачки однос кој земјоделците. Тоа земјоделците во Република Македонија го знаат и затоа не ја поддржуваат оваа Влада на СДСМ и не веруваат во лагите и празните ветувања на Николовски и СДСМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ