• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

ДОМ: Дали градоначалникот на Гази Баба го прочитал законот за зеленило?

Скопје, 2 септември 2018 

По реакциите на граѓани од општина Гази Баба поради сечата на стари дрва во Железара, заради изградба на паркинг, ДОМ јавно го прашува градоначалникот на таа општина:

Прво, дали го прочитал законот за зеленило? Претпоставуваме не, инаку би знаел дека со закон е забрането сечење на капитални примероци, какви што се оние 40-годишни дрва што ги исекол. Законот пропишува и прецизна процедура за било какво сечење дрва, која очигледно не е испочитувана!

Второ, дали ги видел монтажните паркинзи во Капиштец и Аеродром, на пример? Претпоставуваме не, инаку би знаел дека на евтин, брз и еколошки незагрозувачки начин го удвојуваат бројот на места за паркирање!

Трето, дали знае колку се скапоцени тие дрва токму за Железара, која со денови се гуши од „недефинирано“ загадување на воздухот? Претпоставуваме дека не е свесен, инаку не би го направил тоа!

ДОМ бара од градоначалникот на Гази Баба да се информира за законите, процедурите и значењето на урбаното зеленило! Наместо да го уништува, бараме да го зачува и зголеми, зашто Скопје е далеку од стандардот на 25 м2 зеленило, зацртано во Законот!

Демократска обнова на Македонија

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ