• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не може да сокрие дека со багер тргна да гази граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не може да сокрие дека со багер тргна да гази граѓани

Скопје, 3 септември 2018

Денешната расправа е само блед обид на Шилегов да се затскрие фактот дека со багер сакаше да ги замолчи граѓаните кои изразиле поинакво мислење  од тоа на власта.

Граѓаните не се плашат од нападите и насилието на власта, а Шилегов не може да го сокрие фактот дека со багер тргна да гази граѓани кои изразуваат став.

Шилегов и СДСМ се нервозни затоа што граѓаните не ги поддржуваат нивните капитулантски политики, па во паника удираат по граѓаните кои јасно им застануваат на патот.

Граѓаните се разочарани. Шилегов наместо да работи во нивна корист да прави мерки и проекти, повеќе од 10 месеци потроши на бледи настапи и шетање во странство. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од ден во ден, единствен  негов проект е пуштањето автобуска постројка со музика и најавата дека комуналните претпријатија ќе го чистата сметот по улиците, кои никако да почнат да го чистат.

Шилегов нема капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине.

ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...