Мицковски - Пејџ: ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за Договорот со Грција

Мицковски - Пејџ: ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за Договорот со Грција

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со делегација од партијата вчера имаше средба со Ендру Пејџ, директор на Директоратот за Западен Балкан и Турција во Министерството за надворешни работи на Велика Британија, соопшти партиската прес-служба.

На средбата се нагласени добрите билатерални односи помеѓу Велика Британија и Република Македонија, како и потребата од нивно натамошно продлабочување.

- Во врска со актуелната политичка состојба во Македонија, Мицкоски го информираше Пејџ за бројните злоупотреби на власта. Мицкоски исто така го информираше соговорникот дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот со Грција останува цврст и принципиелен и дека Партијата не може ја поддржи содржината на истиот, се наведува во соопштението.са/сд/10:13

###

         

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...