• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Груевски за документот на Викиликс: Јалови обиди и глупости (видео)

Груевски за документот на Викиликс: Јалови обиди и глупости (видео)

Скопје, 4 октомври 2018 (МИА) - Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги оцени како „јалови обиди на власта“ и „глупости“ информациите објавени од Викиликс во кои се наведува дека македонските власти уште во 2008 година, кога тој ја предводеше владата, го прифатиле името „Република Северна Македонија“.

- Ова се јалови обиди на власта, и веројатно ќе има уште многу вакви. Тие се сега во кампања и ќе се изнаслушаме разни глупости. Јасно е зошто сум во суд и зошто ми се случува овој класичен политички прогон и тортура. Ако се согласев со Грците друга ќе беше песната, ја сум човек со принципи и достонство, рече Груевски на прес-конференција во Собранието на Македонија.мд/са/15:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ