• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Заев

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Заев

Скопје, 4 септември 2018 

Дали Зоран Заев кој денеска пред преставниците од Светска банка презентираше проект за поддршка на бизнис акцелератори во висина на 1.5 милиони евра преку Фондот за иновации им кажа дека 10 милиони од овој фонд наместо како грантови за иновации завршија кај функционери на власта, нивни роднини и пријатели?

Дали и овие 1.5 милиони евра ќе завршат во џебовите на некој партиски функционери?

Знаат ли претставниците на Светска банка дека Заев работи по моделот „Евро за Вицето, евро за црквата“ кој од Струмица го преслика на цела територија на Република Македонија?

Им ги покажали Заев насловните на Вашингтон пост, Мајами хералд, Си-Ен-Би-Си и другите влијателни светски медиуми кои известуваат за големите криминали и корупцијата во Република Македонија под негова власт.

Со СДСМ  на власт државата континуирано тоне, економскиот раст е 0%, платите паѓаат, а стандардот на граѓаните тоне. Бизнисот ее клекнат на колена.

Зоран Заев нема кредибилитет да зборува за  поддршка на бизнисот и создавање на услови за економски развој, бидејќи тој во изминативе 15 месеци создава само криминал. Токму затоа наместо да ја лаже јавноста треба да си поднесе оставка и да се замине пред да и нанесе преголеми штети на државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ