СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка ЗА европска Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка ЗА европска Македонија

Скопје, 4 септември 2018

Договорот го гарантира македонскиот идентитет, ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка ЗА европска Македонија

Во интерес на граѓаните и иднината на државата, ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со лажните вести и да се вклучи во процесите кои обезбедуваат членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Не е точно дека со постигнатиот Договор со Грција се загрозуваат македонскиот иденитет и македонската посебност. Напротив, со Договорот македонскиот идентитет е зајакнат и заштитен еднаш засекогаш и никој повеќе нема да може да го негира или оспорува.

Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува територијата, јазикот, народот, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.

Членството во ЕУ и НАТО е над сите политички партии, а обезбедувањето на македонскиот идентитет и македонската посебност е над сите дневно политички и меѓупартиски полемики.

Има време за дневна политика. Сега е моментот за обединување на сите политички субјкети во правецот на обезбедување на македонската иднина во ЕУ и НАТО, онаму каде што вистински припаѓа.

ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност, да го искористи моментот и да престане со лажни обвинувања и манипулации.

Време е ВМРО ДПМНЕ да даде поддршка на интеграцијата во ЕУ и НАТО и да ги повика своите членови да се вклучат, да излезат на референдумот ЗА европска Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на Социјалдемократски сојуз на Македонија

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ