ВМРО-ДПМНЕ:Бришењето на името Република Македонија е трагедија, а не „компромис на деца од градинка“

ВМРО-ДПМНЕ:Бришењето на името Република Македонија е трагедија, а не „компромис на деца од градинка“

Скопје, 5 септември 2018

Бришењето на името Република Македонија, менувањето на Уставот, откажувањето од историјата, традицијата и културата за секој Македонец е трагедија, а не компромис на деца од градинка.

Негирањето на македонскиот идентитет е срам за секој што се чувствува Македонец, освен за некој што е уценет и подготвен ма се само за да го прикрие криминалот.

Вечерашниот настап на Зоран Заев е уште една потврда за трагедијата што се случува во државата под водство на овој човек.

Тој вечерва споредувајќи го капитулантскиот договор со Грција со примери како „компромис на деца во детска градинка" и останати примери од секојдневниот живот,  уште еднаш на македонските граѓани им потврди  со која несериозност, неодговорност, ноншалантност и антидржавно однесување пристапил кон овој капитулантски договор со кој се подрива нашиот идентитет, нашата државност и историја.

Зоран Заев вечерва уште еднаш ја презентираше неговата леснотија и несериозност кон овој договор кој е штетен за Република Македонија. Таков однос кон оваа сериозна тема немал досега ниту еден друг политичар во државата. Граѓаните се свесни дека тоа што во овој момент го прави Заев не го направил ниту еден друг политичар.

Трагично е тоа што Зоран Заев мисли дека со хумористични досетки и неиздржани и несериозни примери и споредби може да го смени мислењето на граѓаните за оваа исклучително сериозна тема. Тоа само говори за каков човек станува збор.

Граѓаните на Република Македонија поседуваат политичка свест и зрелост, поддржуваат и посакуваат членство на РМ во НАТО и ЕУ, но не поддржуваат штетни и антидржавни политики, неодговорно и криминално работење што се одлика на Заев и неговите соработници. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ