Костадинов: Македонија добива силна, директна и отворена поддршка од ЕУ и НАТО (видео)

Костадинов: Македонија добива силна, директна и отворена поддршка од ЕУ и НАТО (видео)

Скопје, 5 септември 2018

Почитувани,

Македонија добива силна, директна и отворена поддршка од двата најголеми и најзначајни светски сојузи – Европската унија и НАТО.

Целиот демократски свет ја препозна промената, ги признава и вреднува успесите постигнати на домашен и меѓународен план. Земјите на двата најголеми сојузи сакаат да ја видат Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО.

Со поканата за влез во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, стануваме дел од глобалните сојузи кои ја гарантираат нашата стабилна иднина и со тоа ги остваруваме стратешките интереси поставени уште на денот на нашата независност.

Поддршката е директна, отворена недвосмислена и доаѓа лично од светските лидери. Во таа насока се и посетите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, канцеларот на Австрија, Сабастијан Курц и канцеларката на Германија, Ангела Меркел кои ќе се случат во период од само неколку денови.

Целиот демократски свет подава рака и искрено посакува Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО.

Да не дозволиме да ја пропуштиме историската шанса да ја обезбедиме иднината во ЕУ и НАТО и да го зајакнеме и заштитиме нашиот, македонски идентитет.

Поддршката од демократскиот свет е јасна и отворена, но мора и сите ние активно да се вклучиме во процесот што не води кон ЕУ и НАТО.

На 30 септември да му покажеме на светот дека сме за напредок, дека сме ЗА влез во ЕУ, дека сме ЗА влез во НАТО, и масовно, одлучно и достоинствено да заокружиме ЗА европска Македонија.

Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ

Коалиција „Заедно ЗА Европска Македонија“

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...