• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Стоилковски: Зоран Заев не смее да изусти Република Македонија

Стоилковски: Зоран Заев не смее да изусти Република Македонија

Скопје, 5 септември 2018

Почитувани,

Зоран Заев не смее да изусти Република Македонија. Зоран Заев не смее да изусти Солун. Зоран Заев СЕ ИЗВИНУВА што Илинден е македонски празник!

Почитувани,

Зоран Заев или не е премиер на Република Македонија, или кампањата која што ја води е за политичарите од соседството или жицата му се откачила и престанал да дише!? Зоран Заев веќе функционира според прифатените услови во капитулацијата, што се погубни за македонскиот народ и држава.

Зоране Заев, кога ќе им кажеш на граѓаните, сам или кој наместо тебе ќе го корне македонското сонце од јавни површини следните 6 месеци онака како што си прифатил во монструозниот Член 8 од Договорот? Еве што вели Став 3 од овој Член: „Втората страна не смее повторно да го употребува на било кој начин и во сите негови форми симболот кој претходно бил прикажан на своето поранешно национално знаме. Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој Договор, Втората страна ќе продолжи со отстранување на симболот прикажан на нејзиното поранешно национално знаме од сите јавни места и јавни употреби на нејзината територија“.

Зоране Заев, кога ќе им кажеш на граѓаните што навистина значи употребата на грчките топоними за Солун, Кукуш, Кутлеш, Воден? Кога ќе признаеш дека се додека работи грчката комисија за ревизија за бришење на учебниците, мапите и книгите, Грција ќе може да ја блокира интеграцијата? Дали ќе признаете дека најрано до 2022 година, додека трае бришењето на македонските комерцијални брендови, Грција ќе може да блокира Македонија?

Дрски, безобразни и бесрамни се лагите дека е зачуван и зајакнат македонскиот идентитет. Тоа е лага иста како зборовите на Заев дека нема да дозволи промена на Уставот.

Дрски и безобразни се поделбите на народот на проевропски и антиевропски. Тоа е лажна поделба, исто како што е лажен секој изустен збор на Зоран Заев! Ова не е референдум за Македонија во ЕУ или НАТО. Ова е референдум за Северна Македонија, распишан според целосно погубен Договор, со кој се брише Македонија, се брише македонскиот народ, се брише македонската историја, македонската посебност, традиција, култура.

Почитувани,

Пријателствата во политиката се базираат на исполнување на взаемни интереси на две држави. Кога се исполнуваат само интересите на една држава на штета на интересите на другата, тогаш тоа не е пријателство, тоа е потчинетост и марионетство.

Почитувани, срамно е човек како Зоран Заев да подготвува прослава за Денот на независноста на Република Македонија, во исто време кога ја гази сувереноста, а македонската држава и македонскиот народ ги претставува како вештачка измислена творба!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ