• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи на процесот за влез во ЕУ и НАТО

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи на процесот за влез во ЕУ и НАТО

Скопје, 5 септември 2018 

Македонија како никогаш досега има причини за славење. Се остваруваат стратешките интереси поставени уште на 8 септемеври 1991 година за целосна во ЕУ и НАТО.

Обезбедена е покана за влез во НАТО и датум за преговори за членство во ЕУ, трајно се заштитени македонскиот идентитет, македонската посебност и никој веќе нема да може да ги негира или оспорува.

Иднината на Македонија и нејзините граѓани е поважна од сите меѓупартиски полемики. Затоа, цела Македонија се обедини околу македонската иднина и се приклучи во процесот што води во ЕУ и НАТО.

Јасна и недвосмислена е поддршката од целиот демократски свет кој подава рака Македонија да стане членка на двата најголеми и најзначајни сојузи, Европската Унија и НАТО.

Силната и директна поддрша од ЕУ и НАТО мора да се искористи. Референдумот на 30 септември е со подеднаква историска важност како и реферндумот за независноста од 8 септември 1991 година.

Тому затоа, сите политички субјекти вклучително и ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност, да застанат зад интеграцијата и напредокот и да го повикаат своето членство да излезе на референдум и да заокружи ЗА влез во ЕУ и НАТО, да заокружи ЗА европска Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ