Мицкоски-Столтенберг: ВМРО-ДПМНЕ го поддржува членството во НАТО и во ЕУ

Мицкоски-Столтенберг: ВМРО-ДПМНЕ го поддржува членството во НАТО и во ЕУ

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ го поддржува членството на Македонија во НАТО, и интеграциите во Европската унија и во Алијансата се од стратешки интерес за земјава, е истакнато на денешната средба меѓу генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски на средбата посочил дека договорот со Грција е неприфатлив за партијата и е надвор од нејзините познати принципи и начела и оти ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање, соопшти прес-службата на партијата. 

- Што се однесува до самиот став во однос на референдумското изјаснување ВМРО-ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации и во текот на идната недела ќе заседава Извршниот и Централниот комитет на партијата, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението, смета дека власта треба да се посвети на подобрување на реалните области за живот што се од суштествено значење за граѓанинот, а таму се досега се забележува огромна стагнација пропратена со огромен број на афери и сомнежи за злоупотреба.

На средбата станало збор за актуелните случувања во земјава, за договорот со Грција и претстојниот референдум. нд/сд/13:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...