СДСМ:Растот на БДП од 3,1 отсто ја потврдува успешноста на владините економски политики

СДСМ:Растот на БДП од 3,1 отсто ја потврдува успешноста на владините економски политики

Скопје, 7 септември 2018

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бруто домашниот производ во второто тримесечје од 2018 година бележи раст од 3,1 отсто.

Имајќи предвид дека во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 економијата бележеше пад од - 1,3 отсто, за нешто повеќе од една година, Владата предводена од СДСМ со успешните економски политики успеа да ја стабилизира економијата и да ја придвижи во вистински правец.

Она што е многу важно, јасно е дека придвижувањето на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО позитивно влијае врз економијата. Како што Македонија се доближува до ЕУ и НАТО така расте и економијата.

Таквиот процес дополнително ќе се интензивира по влезот во НАТО и по започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Со влезот во ЕУ, Македонија станува дел од пазар од 500 милиони потрошувачи, македонската економија станува поконкурентна, се отвораат можности за повеќе инвестиции, нови работни места и засилен економски раст.

Тоа се само дел од економските придобивки од интеграцијата во ЕУ и НАТО. Затоа, сите граѓани на 30 септември треба да излезат на референдумот за иднината и да заокружат ЗА повеќе инвестиции и повисок животен стандард, да заокружат ЗА европска Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ