• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Мицкоски: Референдумското прашање создава забуна кај граѓаните

Мицкоски: Референдумското прашање создава забуна кај граѓаните

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив договорот со Грција и со него дополнително државата се става во незавидна ситуација, а референдумското прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните.

Ваква порака му пренел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој е во посета на Македонија.  

На средбата, како што соопшти прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рекол дека целокупниот процес на преговарање се одвивал нетранспарентно и опозицијата не била консултирана, а  договорот не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија.

- За ВМРО-ДПМНЕ повеќезначното референдумско прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните со цел да се прикрие вистинската содржина за што реално треба да се одлучи, а тоа е договорот со Грција, се наведува во соопштението.

Мицковски посочил дека за нив членството во ЕУ и НАТО претставува стратешки државен интерес и оти се отворени за понатамошна соработка со Австриската народна партија како сестринска партија во рамки на Европската народна партија. бак/сд/14:01

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...