Средба Ахмети-Курц: Поддршка за евроатлантската интеграција на Македонија

Средба Ахмети-Курц: Поддршка за евроатлантската интеграција на Македонија

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска се сретна со премиерот на Австрија Себастијан Курц, кој престојува во официјална посета на Македонија.
 
Како што соопшти ДУИ, на средбата станало збор за предизвиците на Македонија и регионот, а австрискиот премиер ја истакнал големата поддршка од Австрија за евроатланската интеграција на Македонија и за потребата од понатамошни реформи.
 
- Австрискиот премиер се враќа во Скопје за да ни даде поддршка  на нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех - евроатланската интеграција, истакнал Ахмети.
 
Тој се заблагодарил за искажаната поддршка  и ветил дека ДУИ со посветеност ќе работи за реализација на договорот и за понатамошно реформирање на општеството.лв/скс/14:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...