• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Избран централниот изборен штаб на ДПА за референдумот

Избран централниот изборен штаб на ДПА за референдумот

Тетово, 7 септември 2018 (МИА) - Генералниот секретар на ДПА Имер Алиу ќе го предводи централниот изборен штаб на партијата за претстојниот референдум на 30 ти септември. Ова е решението на првата седница на новиот состав на централното претрседателство на ДПА, избрано на партискиот конгрес на почетокот од минатиот месец, што доцна попладнево се одржа во седиштето на ДПА во Тетово.

- Покрај мене како генерале секретар штабот го сочинуваат и партиските потпретседатели, министерот без ресор Бардиљ Даути, пратеничката Мерале Ферати како и претседателите на подмладокот и Форумот на жени. Претстојниов викенд ќе се формираат и штабовите во сите ограноци и подограноци на ДПА изјави Алиу.

Алиу го повтори партискиот став дека ДПА без никакво двоумење на реферндумот ќе биде За што е програмаска определба и на ДПА и на Албанците воопшто во Македонија за зачленување во ЕУ и НАТО.

- Имаме разбирање за сите скептици но ги замолуваме да асе приклучат и да гласаат За на реферндумот на 30 ти септември рече Алиу. нд/ац/22:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ