Ахмети: Нашето денешно општество е сплотено со една цел, еднаква и евроатлантска Македонија

Ахмети: Нашето денешно општество е сплотено со една цел, еднаква и евроатлантска Македонија

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Лидерот на Демокрартската унија на Албанците (ДУИ) Али Ахмети, од име на партијата, упати честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија.

- Денешниот ден на независност го одбележуваме на само чекор до реализирање на вековните стремежи за слобода, мир, еднаквост и евроатлантска интеграција. Нашето денешно општество е сплотено со една цел, еднаква и евроатлантска Македонија. Нашата заедничка иднина е предодредена да припаѓа кон Запад, истакнува Ахмети во честитката.

Тој во честитката вели дека Македонија е пред голема, историска одлука, одлука за целосно и полноправно интегрирана во НАТО и ЕУ, и додава дека друга алтернатива, опција или друг пат не постои. 

-Веќе две децении нашите граѓани во огромно мнозинство се определени за членство во НАТО и Европската Унија и конечно, денот за исполнување на вековниот сон на нашите граѓани дојде и ние заедно не смееме да ја пропуштиме можноста да ја запечатиме безбедната иднина на генерациите по нас, порачува Ахмети.бк/сд/13:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ