Мицкоски по средбата со Меркел: Следната недела ќе го донесеме конечниот став за референдумот

Мицкоски по средбата со Меркел: Следната недела ќе го донесеме конечниот став за референдумот

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Во текот на наредната недела партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат состанок и ќе биде донесен конечниот став за референдумот, истакна попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Амбасадата на Германија во Скопје. 

Тој рече дека средбата поминала во исклучителна пријателска амтосфера мегу двете сестрински партии, што се дел од Еврпската народна партија и дека ја известил канцеларката Меркел за актуелната политичка состојба во државата и оти главен акцент бил ставен на претстојниот референдум на 30 сетпември.

- На средбата ги истакнав позициите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше во изминатиот период, односно зошто ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати овој договор и не се согласува со содржината на договорот. Ги повторивме истите позиции и ја информиравме канцеларката Меркел за нашата акција во рамки на т.н. „Лето за Македонија“, изјави Мицкоски. 

Тој не сакаше да коментира која била пораката што му ја пренела канцеларката Меркел, појаснувајки дека не е пристојно да го пренесува она што е лично кажано. 

Прашан дали ВМРО-ДПНЕ ќе го прологира рокот за изјаснување за референдумот, Мицкоски рече дека генерално се изјасниле прецизно и додаде дека партијата ќе ја добие неопходната навигација од граѓаните. бк/бак/15:10

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...