Ахмети се сретна со амбасадорот на мисијата на ОДИХР во Македонија, Петерсен

Ахмети се сретна со амбасадорот на мисијата на ОДИХР во Македонија, Петерсен

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се сретна со амбасадорот на мисијата на ОДИХР во Македонија, Јан Петерсен.



Од партијата соопштија дека Ахмети и Петерсен дискутирале за референдумот на 30 септември, Договорот од Преспа, како и за политичката ситуација во земјата.



Ахмети го информирал амбасадорот Петерсен дека Демократската унија за интеграција е посветена за успешно одржување на референдумот и дека веќе има основано Централен штаб, како и 35 општински штабови, додека кампањата на терен ќе ја почне утре со првата средба со граѓаните во Тетово.



Ахмети зборувал за важноста на референдумот што претставува можност конечно граѓаните да се определат за евроатланска интеграција на Македонија, имајќи предвид дека речиси две децении последователно, над 80 отсто од граѓаните го подржуваат членството во НАТО и Европската унија. Тој ја искористил можноста уште еднаш да ја повика опозицијата да излезе на 30 септември и да стане дел од заедничкиот успех. рп/12:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ