• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Дарко Каевски нов претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Дарко Каевски нов претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) - Социјалдемократската младина на Македонија денеска на конвенција го избра Дарко Каевски за нов претседател.

Каевски беше единствен кандидат, а тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Стефан Богоевски.

Тој рече дека младите се за европска Македонија и оти тоа ќе го покажат на 30 септември.

- Пред нас се клучни денови за нашата иднина. Имаме историска шанса да ја обезбедиме иднината како полноправна земја членка на НАТО, а потоа и на Европската унија. За тоа е потребен успешен референдум на кој граѓаните ќе се определат За европска Македонија, истакна Каевски. бак/18:55

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ