Јанушев во Берово: Со договорот со Грција ги губиме јазикот и идентитетот

Јанушев во Берово: Со договорот со Грција ги губиме јазикот и идентитетот

Берово, 9 септември 2018 (МИА) - Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва беше во Берово каде имаше средба со граѓани со кои разговараше за договорот со Грција.

Пред жителите на Берово, Јанушев рече дека договорот со Грција е капитулантски и оти не треба да се поддржи.

- Гледаме дека преку кампањата која е спонзорирана со државни пари од државниот врв сакаат да прикажат дека патот кон Европската унија и НАТО се единственото нешто коешто се случува во овој момент, што е апсолутно неточно, бидејќи единствено нешто што се случува и што го губиме во овој момент како држава и како нација се името и идентитетот, рече Јанушев.

Додаде дека граѓаните се незадоволни од неисполнетите ветувања на власта и оти Берово е град каде масовно се иселуваат луѓето. - Само во последните две недели се иселени 16 семејства, рече Јанушев. вс/бак/20:25

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ