• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

ДПА од Чаир ја започнува кампањата за референдумот под мотото „Чекор напред ЗА НАТО и ЕУ“

ДПА од Чаир ја започнува кампањата за референдумот под мотото „Чекор напред ЗА НАТО и ЕУ“

Скопје, 10 јуни 2018 (МИА) -  Под мотото „Чекор напред ЗА НАТО и ЕУ“,  ДПА денеска од Чаир ќе ја започне кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември.

Денешниот митинг партијата ќе го оддржи во 19:30 часот во Детскиот театарски центар во Старата скопска чаршија.

Во петокот, како што се наведува во партиското соопштение, ДПА избра изборни штабови во Липково, Куманово, Арачино, Бутел, Чаир, Шуто-Оризари, Велес, Чашка, Кисела Вода, Сопиште, Сарај, Желино, Теарце, Тетово, Брвеница, Боговиње, Неготино-Врапчиште, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Долнени, Крушево и Битола. 

- Од денеска ДПА почнува со оддржување на митинзи и други форми на средби со граѓаните, со цел зголемување на поддршката за референдумот што ќе се оддржи на 30 септември, се наведува во соопштението на ДПА. мп/са/14:16

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ