• A-
  • A
  • A+
недела, 23 септември 2018, 

СДСМ: Време е ВМРО ДПМНЕ да престане со лажни вести и да се приклучи кон процесот за Македонија во ЕУ и НАТО

СДСМ: Време е ВМРО ДПМНЕ да престане со лажни вести и да се приклучи кон процесот за Македонија во ЕУ и НАТО

Скопје, 10 септември 2018

Наместо да шири невистини  за Договорот, време ВМРО ДПМНЕ да се приклучи во процесот на интегрирање на Македонија во Европската унија и НАТО. Да се искористи историската шанса пред која стоиме и да и дадеме светла иднина на нашата држава и нашите деца, нашите поколенија.

Договорот е јавно достапен за сите и во членот 1 од него јасно стои дека државјанството е „македонско“ а официјален јазик е „Македонски јазик“. Се појаснува значењето на терминот „македонски“ и се додава дека нема на било кој начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните.

Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.

Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина конечно се обезбедени еднаш засекогаш и никој нема да може да ги негира или оспорува.

Договорот со Грција е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ. 

ВМРО ДПМНЕ се уште има време и шанса да се приклучи кон историското движење кое ја носи Македонија во ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ треба да ги повика своите членови да излезат на референдум ЗА европска Македонија.

Центар за комуникации на СДСМ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ