Арсовски: Оставка од градоначалникот за независна истрага без закани по сведоците

Арсовски: Оставка од градоначалникот за независна истрага без закани по сведоците

11 септември 2018

Почитувани,

Почитуван господине Стојановски, поднесете си оставка од морални причини и престанете да се заканувате. Никого нема да исплашите. Само со оставка ќе покажете дека немате намера да влијаете на истрагата и сведочењата преку закани и уцени. Само со оставка Јавното Обвинителство ќе може да си ја заврши работата околу сериозните индиции за вашето криминално поведение кое што го видовме на видеото.

На граѓаните им е доста од еден Заев, не им треба уште еден. Граѓаните не му поверуваа ни нему дека снимката како бара поткуп била монтирана. Преседанот со ослободувањето на Зоран Заев не смее да стане пракса.

Денес јавноста е сведок на продолжение на скандалот со градоначалникот на општина Демир Хисар кој јавно, пред наставничките и пред децата, малолетни деца, ученици во среде училница, во училиште се закануваше дека прислушкува и ги следи граѓаните затоа што работел во МВР.

Овој лик денес наместо да се извини и да си поднесе оставка се дрзнува уште да се заканува со тужби. Ова е таа матрица на СДСМ, прислушувај ги граѓаните, ако те откријат заканувај се и сеј страв меѓу јавноста, медиумите, народот.

Не господине Марјанче Стојановски, не господа од СДСМ  граѓаните, јавноста и медиумите не ви се плашат на вашите закани. Тие јасно гласно кажуваат НЕ на вашата погрешна и штетна политика која што ја промовирате и стварате.

Овој скандал не говори само за капацитетот и карактерот на градоначалникот на Демир Хисар. Овој скандал отвора сомнежи дали граѓаните се прислушкувани и потоа уценувани за политички цели? Овој скандал говори дека администрација се соочува со огромен притисок од власта и од СДСМ. Овој скандал отвора сомнеж дека постои партиска структура на СДСМ во МВР која се користи и служи со старите удбашки методи од едноумитето. Тоа  се сталинистички, а не европски вредности со кои што ги мамите граѓаните.

Затоа јавноста бара одговори, но и одговорност. Прво градоначалникот Марјанче Стојановски да си поднесе веднаш оставка, второ обвинителството уште веднаш да отвори случај за овие скандалозни одговори и трето да одговорат Заев и Оливер Спасовски дали овие снимки со кои се заканува градоначалникот на Демир Хисар се нелегално прибавените снимки со кои што располагаше Заев и кои наводно само тој ги слушал и кои наводно ги предал сите на СЈО.

Македонија не смее да биде земја во која некој ќе се плаши дека некој локален шериф од Демир Хисар на СДСМ ќе се заканува на граѓаните со прислушкувани материјали. Ова не е Европа за која тие секој ден говорат, ова е време на Информбирото.

 

                     Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ