• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

ВМРО-ДПМНЕ: Понижувачки е Заев да се повикува на историски учебници кои прифати да ги ревидира

ВМРО-ДПМНЕ: Понижувачки е Заев да се повикува на историски учебници кои прифати да ги ревидира

Реакција на изјавата на Зоран Заев

 11.09.2018

Заев ги прифати грчките црвени линии со кои се менува идентитетот и се брише македонската историја, традиција и култура.

Понижувачки и потценувачки е фактот што Зоран Заев се повикува на историските учебници кои тој преку договорот со Грција прифати да ги менува и ревидира.

Истиот тој Зоран Заев кој во своите говори се повикува на историските учебници од кои учеле генерации граѓани на Република Македонија, кој во своите говори се повикува на македонските револуционери и дејци,  истовремено формира комисија чија основна цел ќе биде менување и ревидирање на историските учебници и македонската историја. Формирањето на таквата комисија е јасна потврда за бришењето на македонската историја и македонската традиција, што се прави со штетниот договор со Грција. Тоа е вистината за штетниот договор која Заев сака да ја сокрие од граѓаните.

Зоран Заев преку овој капитулантски договор го продава идентитетот, историјата, културата и традицијата.

Капитулантскиот договор е на целосна штета на државата. Зоран Заев мора да си даде оставка и да си замине пред да штетите по државата да бидат преголеми.

    Со почит,                   
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ