Средба Ахмети - Тачи: Граѓаните масовно да гласаат „ЗА“ НАТО и ЕУ

Средба Ахмети - Тачи: Граѓаните масовно да гласаат „ЗА“ НАТО и ЕУ

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Референдумот на 30 септември, како и случувањата во регионот, со посебен акцент на дијалогот помеѓу Косово и Србија, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.
 
Ахмети, информираат од ДУИ, го запознал Тачи со одвивањето на кампањата за референдумот, подвлекувајќи ја големата важност од успешната реализација на Договорот од Преспа. 
 
Двајцата соговорници се согласиле дека Албанците и воопшто сите граѓани на Македонија  треба масивно да излезат и да гласаат „ЗА“ НАТО и ЕУ. Заклучиле дека евроатлантската интеграција е единствената иднина за земјите од Западен Балкан, која обезбедува одржлив мир, безбедност и стабилност. 
 
Ахмети посочил дека целосно ги поддржува интензивните напори на институциите  на Косово со меѓународна помош за конечно решение на дијалогот со Белград во врска со демаркацијата на границата и оти е време за целосна интеграција на Југоисточна Европа во НАТО и ЕУ. вј/дма/14:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...