• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Прва седница на новиот состав на ДИК за спроведување на референдумот

Прва седница на новиот состав на ДИК за спроведување на референдумот

Скопје, 1 август 2018 (МИА) - Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи првата седница.

Новите членови на највисокото изборно тело во државата, кои беа избрани на 25 јули годинава од Собранието на РМ се: Оливер Дерковски - претседател, Дитмире Шеху - потпретседателка и членови: Елизабета Постоловска, Јанакие Витановски, Борис Кондарко, Радица Ристеска и Енвер Салиу.

ДИК треба да  го спроведе референдумот за Договорот со Грција што Собранието го распиша за 30 септември годинава.

Државната изборна комисија се грижи за законитоста во подготовката и спроведување на изборите во согласност со Изборниот законик и врши надзор над работата на изборните органи. дма/са/11:30

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ