• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Седум од „бомбите“ во „Титаник“ ќе се слушаат без присуство на јавноста

Седум од „бомбите“ во „Титаник“ ќе се слушаат без присуство на јавноста

Скопје, 16 август 2018 (МИА) - Седум од вкупно 1.063 „бомби“ во предметот „Титаник“ ќе бидат слушани без присуство на јавноста, одлучи попладнево Судечкиот совет.

Специјалното јавно обивнителство побара поради приватни разговори овие седум аудио материјали да бидат слушнати без присуство на јавноста. Од друга страна, одбраната бараше „бомбите“ воопшто да не бидат пуштени и ги оспори како валиден  доказ.

Според одлуката на Советот, главна расправа ќе се одржи и ќе се читаат извештаите, а потоа ќе се слушаат бомбите.

За предметот „Титаник“, СЈО има поднесено 5.910 материјални докази и предложено 191 сведок.

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година. вј/бак/15:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ