• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Почнаа да „пукаат“ „бомбите“ во „Титаник“

Почнаа да „пукаат“ „бомбите“ во „Титаник“

Скопје, 16 август 2018 (МИА) - Во Кривичниот суд почнаа да се слушаат „бомбите“ за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во една од „бомбите“ се слуша како разговараат поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер за гласачите во Америка.  

Претходно, Судечкиот совет го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство јавноста да биде исклучена кога ќе се слушаат седум од 1.063 „бомби“ поради приватни разговори. 

Од друга страна, одбраната бараше „бомбите“ воопшто да не бидат пуштени и ги оспори како валиден  доказ. вј/бак/15:43

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ