„Титаник“: Јанкуловска и Протуѓер проверувале дали жена му на Црвенковски има имот на Корчула

„Титаник“: Јанкуловска и Протуѓер проверувале дали жена му на Црвенковски има имот на Корчула

Скопје, 17 август 2018 (МИА) - „Бомбите“ во предметот „Титаник“ што попладнево се слушаат во Кривичниот суд открија како поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер се договараат да се провери информација за имот на жена му на поранешниот претседател Бранко Црвенковски на Корчула. 

Во разговорите, Јанкуловска му потврдува на Протуѓер дека добила потврда од Белград оти жена му на Црвенковски имала лична карта на таа адреса, но оти не може да добие писмена потврда за тоа.  

Во судницата попладнето се слушаа и снимки меѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески околу исплатата на субвенциите и за недостиг на рекламен материјал во Прилеп и Неготино, како и разговори меѓу Ставрески и Јанкуловска во кои тој се жали дека не може да направи исплата на субвенции во Повардарието поради две лица кои не сакале да го потпишат извештајот, а од тоа им зависеле пет илјади гласа во овој регион. 

Одбраната повторно изрази сомнеж во автентичноста на снимените разговори и посочи дека во еден од разговорите како време е наведено 00:56, а разговорот почнува со зборовите „добар ден“. аа/сд/15:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...