Прилепското обвинителство ја истражува несреќата во која загинаа двајцата параглајдеристи

Прилепското обвинителство ја истражува несреќата во која загинаа двајцата параглајдеристи

Прилеп, 18 август 2018 (МИА) - Ќе се изврши обдукција и вештачење за да се утврдат причините за смртта на двајцата параглајдеристи кои вчера починаа по трагедијата која се случи околу 12.40 часот на Мечкин Камен во Крушево кај полетувалиштето за параглајдеристи, информираат од Основно јавно обвинителство-Прилеп кое го истражува случајот.

Според основниот јавен обвинител Милка Спиркоска сѐ уште не се знае што се случило.

- Трагичниот настан се случил околу 12.40 часот на Мечкин Камен во близина на полетувалиштето. На самото место починал 56-годишниот параглајдерист, турист од Украина со иницијали И.В., а параглајдеристот од Велика Британија на возраст од 54 години со иницијали И.М. набрзо им подлегна на тешките телесни повреди во прилепската болница. Британскиот државјанин бил учесник на Британското првенство во параглајдерство што се одржува во Крушево, изјави Спиркоска.

Увид на местото на несреќата извршиле јавното обвинителство, од полициските станици во Прилеп и во Крушево и екипи на крим-техника. Истрагата е во тек.

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен денеска соопшти дека несреќата се случила кај Мечкин Камен во Крушево вчера во 12.30 часот откако дошло до судир во воздух помеѓу двајцата параглајдеристи од Украина и од Велика Британија. ем/хс/ 11:04

фото: МИА Архива

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...