Почна судењето за случувањата во Собранието на 27 април (фото)

Почна судењето за случувањата во Собранието на 27 април (фото)

Скопје, 22 август 2018 (МИА) - Триесетината обвинети за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година денеска седнаа на обвинителна клупа во Кривичниот суд во Скопје, каде почна првото рочиште.

Меѓу обвинетите се пратеници, уметници, припадници на МВР, на безбедносните служби и собраниското обезбедување. Тие одговараат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.   

Единаесет од обвинетите се во притвор, 13 во домашен притвор, а осуммина имаат изречени мерки за претпазливост.

СУДЕЊЕ СОБРАНИЕ ЧАВКОВ

Предметот го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска и веќе се закажани вкупно 37 термини за главна расправа.

Јавното обвинителство на Република Македонија, во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од Кривичниот законик, а две лица за помагање при вршење на истото кривично дело.

СУДЕЊЕ СОБРАНИЕ

Според ЈОРМ, со обвинителниот акт се опфатени три лица, припадници на структурите на Министерството за внатрешни работи, кои како овластени службени лица биле носители на „златна“ и „сребрена“ команда, како и лица кои биле учесници во друга група, како организатори на движењето „За заедничка Македонија“. 

СУДЕЊЕ СОБРАНИЕ

Група граѓани со зурли и тапани стотина граѓани пред Кривичниот суд даваат поддршка на обвинетите за случувањата во Собранието на Република Македионија од 27 април минатата година, случај за кој денеска е закажано првото рочиште.

Присутните пејат македонски песни и визвикуваат „Европа мафија“ и „НАТО фашисти“. Пред Кривичниот суд има големо полициско обезбедување. бк/сст/10:53

   

###

 

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ